Duke ngarkuar...

Senior Business Analyst

KING ICT

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Кои сме ние?**
КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.


Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија.


Бараме мотивиран и аналитички ориентиран
**Сениор**
**Бизнис Аналитичар**
кој ќе игра клучна улога во идентификување, анализа и подобрување на бизнис процесите, како и во поврзување на бизнис потребите со ИТ решенијата.


🔷
**Што ќе работиш?**

- Анализа и моделирање на бизнис процеси со цел разбирање на потребите на клиентите и идентификација на можности за подобрување
- Подготовка на функционални спецификации и соработка со тимот за дефинирање на барања за развој и интеграција со други системи
- Обезбедување квалитет на решението преку тестирање и валидација пред испорака
- Активно учество на sprint review состаноци и собирање повратни информации од клиенти за унапредување на функционалностите
- Едукација на крајни корисници и обезбедување поддршка при имплементација на нови решенија
- Поддршка на presales и sales процесите преку учество во подготовка на high-level предлог решенија
- По потреба, координација на развојни активности со надворешни партнери и добавувачи
- Промовирање на визијата на производот и усогласување со бизнис целите низ целиот животен циклус
- Поттикнување на примена на воспоставени методологии и best practices преку обуки и поддршка на тимот

🔷
**Што очекуваме од тебе?**

- Универзитетска диплома од ИТ, економија (со фокус на информатика) или сродна техничка област
- Најмалку 5 години искуство во бизнис анализа или ИТ product management, по можност со комплексни процеси и различни индустрии
- Одлично познавање на моделирање на бизнис процеси (BPMN) и силни аналитички и документациски вештини
- Искуство со релациони бази на податоци и основно познавање на SQL, API или други релевантни технологии
- Исклучителни комуникациски вештини и способност за работа со интерни тимови и екстерни клиенти
- Докажана способност за разрешување на спротивставени барања и поддршка при носење одлуки преку структуриранa анализа
- Одлични организациски вештини, внимание на детали и проактивен пристап кон решавање проблеми
- Флексибилен и колаборативен начин на размислување, со желба за учење и адаптација во динамична средина
- Искуство во менторирање на членови на тим и примена на Agile методологии (SCRUM)
- Способност да се одржи стратешки преглед, но и да се навлезе во технички или бизнис детали кога е потребно

🔷
**Што нудиме?**

- Можност да ја обликуваш нашата инженерска култура уште од самите почетоци
- Работа во искусен и поддржувачки тим
- Континуиран професионален развој преку обуки и конференции
- Флексибилно работно време со можност за хибриден начин на работа
- Работа во agile околина според SCRUM методологија
- Пријатна и опуштена работна атмосфера со различни бенефиции – сите поволности може да ги најдеш на нашата career страница

Решаваме комплексни технолошки предизвици со цел да го поедноставиме и подобриме секојдневието на милиони луѓе. Нашата цел е да станеме лидер во софтверската индустрија, препознатливи по извонредност и квалитет.


Доколку си подготвен/а да го обликуваш она што допрва ќе се создава — испрати ни го твоето CV.


Аплицирај преку линкот подолу.


Со нетрпение очекуваме да се запознаеме! 🚀