Duke ngarkuar...

Соработник/чка за Програма за лојалност

СОС Детско Село Македонија | SOS Children's Villages Macedonia

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
Соработник/чка за Програма за лојалност

Придружи се на тим кој прави разлика — за децата, за семејствата, за заедницата.

СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал — водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка.

За потребите на Проектот за развој на индивидуално донаторство, бараме одговорна и мотивирана личност која ќе биде клучна алка во директната комуникација со нашите донатори.

🎯 Главни одговорности

Редовно ги контактира актуелните донатори преку различни комуникациски канали (телефон, е-пошта, пошта и сл.)

Доследно ги спроведува и следи сите фази на Програмата за лојалност

Одговара и решава приговори и предлози на индивидуалните донатори

Ги ажурира постоечките и внесува нови информации во базата на податоци (CRM)

Континуирано го следи статусот и ефективноста на Програмата за лојалност

Подготвува редовни неделни извештаи за работата и постигнувањата

Врши месечни анализи согласно потребите на Одделот за обезбедување средства

Извршува помошни административни задачи

✨ Потребни квалификации

Завршено најмалку средно образование

Најмалку 2 години искуство во кол центар, телемаркетинг или директна продажба

Одлични комуникациски и продажни вештини

Прецизност, аналитичност и проактивност во работењето

Оптимизам, упорност и искрена желба да придонесе за хуманитарна цел

Добро познавање на англиски јазик

⚠️ Задолжителни технички вештини — ќе биде спроведено тестирање

•   Напреден Excel — pivot табели, сложени формули, анализа на податоци

•   CRM платформи — Salesforce или еквивалентна (работно искуство, не само познавање)

🏢 Работни услови

Работен ангажман на определено време од 1 година (со можност за продолжување)

🕒 Работно време — хибриден модел

•   Понеделник – петок, во две смени по договор:

 → Утринска смена: 08:00 – 16:00

 → Попладневна смена: 11:30 – 19:30

•   Секоја втора сабота: 10:00 – 14:00

Работа во организација со силна мисија и вредности

Програма за благосостојба на вработени

Континуирани можности за личен и професионален раст и развој

📩 Начин на аплицирање

Испратете ја вашата работна биографија најдоцна до 05.06.2026.

Само кандидати кои ги исполнуваат задолжителните технички услови ќе бидат поканети на тестирање и интервју.

Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени исклучиво за целите на регрутирањето. СОС Детско село практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади. Организацијата активно се залага за родова еднаквост.