Duke ngarkuar...

Quality Specialist

Nelt Group

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 1 dite me pare
**Цел на работната позиција**

Обезбедува соодветност, ефективност и ажурност на системите за безбедност на храна, управување со квалитет и управување со животна средина, нивна усогласеност со дефинираните барања и континуирано унапредување (сите барања за процеси и инфраструктура од аспект на безбедност на храна, квалитет и животна средина да бидат правилно и целосно препознаени, спроведени gap-анализи и анализи на ризик и дефинирани потребните поставки на системот) во компаниите на пазарите во негова/нејзина надлежност.

**Основни активности и одговорности**

1. Оперативни активности за воспоставување, одржување и унапредување на QMS, HACCP, EMS и останатите системи за управување, имплементирани или во фаза на имплементација.
2. Оперативни активности за интеграција на барањата на клиентите поврзани со квалитет, безбедност на храна и заштита на животната средина во QMS системите на компаниите на пазарите во надлежност.
3. Изработка на предлог годишен план за интерни проверки на QMS, HACCP, EMS, GDP и останатите системи за управување на пазарите во надлежност, координација и спроведување на интерни проверки. Оперативна организација и реализација на интерни проверки во компаниите на пазарите во надлежност, во соработка со надлежните менаџери и согласно усвоениот годишен план.
4. Иницира анализа на причините и дефинирање мерки за унапредување врз основа на наоди од интерни и екстерни аудити, предлози од вработени и сл. преку дефинираниот систем. Го следи статусот на реализација на мерките, реагира во случаи на отстапувања и ја верификува ефективноста на спроведените мерки.
5. Координира изработка и спроведува верификација на изработените QMS документи на секторите на пазарите во надлежност. Ја одржува Master листата на QMS документи за пазарите во надлежност.
6. Организира, следи и раководи со работата на HACCP тимот на матичниот пазар: организира состаноци на тимот, организира, координира и реализира системски активности (тестирање на температурен режим, тестирање на следливост, обуки на вработени и сл.), изработува и ја одржува целокупната системска HACCP документација. Го следи и учествува во работата на HACCP тимовите на останатите пазари во надлежност.
7. Учествува во екстерни проверки на пазарите во надлежност во доменот на безбедност на храна, менаџмент на квалитет, заштита на животна средина, GDP во дистрибуција на лекови и органски производи од страна на сертификациски тела, принципали, клучни купувачи и логистички клиенти. Одржува квалитетни односи со купувачи/клиенти/принципали/добавувачи/надворешни соработници во рамки на својата надлежност. Одговорен/на е за позитивна и уредна оценка од државни институции, сертификациски тела и аудити на принципали, клучни купувачи и клиенти, преку правилно толкување на барањата и поставување ефективни решенија.
8. Следење на статусот на реализација на мерките за унапредување (препораки, неусогласености, предлози од вработени) и реагирање во случаи на отстапувања.
9. Дава предлози за измена на групни документи врз основа на анализа на трендови на неусогласености, препораки и добри практики од окружувањето.
10. Обезбедува поддршка во толкување на барањата на управувачките стандарди и имплементација на ефективни решенија за сите функции во компаниите во надлежност.
11. Обезбедува поддршка во решавање ситуации со неусогласени производи кои ги дистрибуираат компаниите во надлежност.
12. Организира и спроведува обуки за вработените во компаниите во надлежност од областа на безбедност на храна, заштита на животна средина и останати системи за управување, врз основа на одобрени програми и материјали за обука.
13. Ја следи ефективноста и ефикасноста на системите, подготвува стандардни и ad-hoc извештаи, врши анализа на ефективноста на системите и предлага измени и надградби на системите за управување со безбедност на храна, квалитет и заштита на животна средина согласно добри практики, регулатива, барања на принципали, клучни купувачи и клиенти.
14. Учествува во имплементација на проекти за унапредување на операциите и развој на нови услуги во компаниите на пазарите во надлежност.
15. Учествува на оперативни состаноци со директно претпоставениот и соработниците со цел известување за реализација на активности и задачи во надлежност, како и запознавање со нови процеси и барања.
16. Извршува задачи делегирани од директно претпоставениот во рамки на сопствените компетенции, а поврзани со работата на функцијата на која припаѓа.

**Основни услови**

**Образование:**

Земјоделски факултет, Технолошко-металуршки факултет, Хемиски факултет или сродни факултети

**Степен на стручна подготовка:**

VII степен

**Работно искуство:**

Минимум 3 години