Duke ngarkuar...

Деловен секретар

DEKRA Arbeit Macedonia

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Во Име На Својот Клиент, ДЕКРА Ја Огласува Позицијата**
**Деловен секретар**
**ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА**

- Организација, координација и следење на административните и организациските активности поврзани со Генералниот директор и Претседателот на Управниот одбор;
- Прием, евидентирање, распределување и следење на службена документација и деловна кореспонденција;
- Подготовка, уредување и техничка обработка на деловни дописи, извештаи, презентации и друга документација;
- Организација и координација на состаноци, конференции, службени патувања и протоколарни активности;
- Водење календар на активности, агенда и евиденција за деловни контакти;
- Координација и комуникација со организациски единици, институции, клиенти и деловни партнери;
- Организација на службени патувања, резервации, патни налози и следење на патни трошоци;
- Грижа за доверливост, точност и безбедност на документацијата и информациите;
- Организација на официјални посети, делегации и деловни средби;
- Учество во организација на корпоративни настани, презентации и конференции;
- Водење електронска и архивска евиденција на деловна документација;
- Превод и деловна кореспонденција на македонски и англиски јазик.

**КВАЛИФИКАЦИИ**

- Високо образование – VII/1 степен;
- Предност ќе имаат кандидати од областа на општествени, економски, административни, јазични или комуникациски науки;
- Минимум 3 години работно искуство на административни, организациски или секретарски позиции;
- Напредно познавање на MS Office пакет (Word, Excel, PowerPoint, Outlook);
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Познавање на деловна комуникација и корпоративен протокол;
- Способност за работа со доверлива документација и кратки рокови.

**ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ**
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на:
**rabota.arbeit.mk@dekra.com**
**,**
со назнака за позицијата за која што аплицираат.


Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.


Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.



- Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

***Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com***